[ФОТО] Познатата манекенка која глумеше во филм на Кустурица позирала целосно гола: „На сите кои ми држат лекции сакам да им го порачам ова“

Точка

12/04/2024

18:19

13.070

Големина на фонт

а а а

Манекенката Полина Поришкова на 9-ти април го прослави својот 59-ти роденден, кој на Инстаграм го одбележа со фотографија на која не носи ниту едно парче облека. Полина им се обрати на оние кои ја следат и на пошироката јавност, пресреќна што е на прагот на седмата деценија.

Манекенката покрај фотографијата напишала: „Последната година од моите педесетти. Тоа беше најлошата, најтешката деценија, а исто така и деценија од мојот живот која донесе просветлување.

Горда сум што стигнав до 59-то ниво! И ќе продолжам да бидам горда на секое ниво што ќе го достигнам во оваа игра на животот.

На свои 59 години никогаш не сум се чувствувала подобро во мојата кожа, која доживеа толку многу.

(Сите вие кои постојано ќе ми држите лекции за годините и голотијата, бидете сигурни - ми требаа 59 години да се чувствувам волку самоуверено и да не се срамам, а истото ви го посакувам и вам)“.


Познатата чешко-шведска актерка и фотомодел веќе подолго време го промовира природниот изглед, ја прифати седата коса и сè што носат годините.

Полина Поришкова, чие вистинско име е Павлина Поржишкова, со својот природен изглед направи мала револуција на полето на женската убавина, поддржана од актерката Енди Мекдауел, Шерон Стоун и многу други.


Во светот на манекенството ја воведе модната агенција Елит во 1980 година. Во 80-те години, Полина беше една од најпознатите манекенки кои ги красеа насловните страници на најпознатите списанија. За само една реклама на позната козметичка компанија добила хонорар од 6 милиони долари. Таа глумеше во неколку филмови, меѓу кои „Her Alibi“ и „Arizona Dream“ на Емир Кустурица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг