[ФОТО/ВИДЕО] Доколку барате евтино место за одмор, дефинитивно одличен избор: Дури три најекономични и атрактивни дестинации се во Европа, од кои две на Балканот

Точка

13/04/2024

14:05

15.158

Големина на фонт

а а а

За многумина, цените и трошоците се еден од најважните фактори при планирањето на одмор.

На истото место кафето може да чини од едно и пол до пет евра. Оброк, во зависност од видот на храната и ресторанот, од 10 до 30 евра. Секако, секогаш може да се пресмета просекот, а токму тоа е направено во годишниот извештај на британскиот Post Office, кој бил објавен пред неколку дена. Тие ги претставиле 15-те најдобри и најприфатливи дестинации во светот, а во топ 10 се најдоа и три европски дестинации.


Листата не се заснова на вкупната достапност на цените, не се земаат предвид цените на превозот и сместувањето, туку работи на кои просечниот турист троши на дестинацијата.

Нивниот избор паднал на кока-кола, пиво, кафе, вода, крем за сончање, средство за заштита од инсекти и крем за сончање. Односно, она што се купува во продавници или во кафулиња и ресторани. На самиот врв на листата нема европски дестинации. Тука се виетнамскиот Хои Ан, јужноафриканскиот Кејптаун и кенискиот Момбаса. На четврто место, изненадувачки, е јапонскиот град Токио.

На овие 8 артикли туристите во Хои Ан ќе потрошат 51,18 фунти, а 59,05 фунти во Токио.

Најпристапната европска дестинација го зазела петтото место на листата. Најповолна летна дестинација во Европа, со оглед на параметрите споменати погоре, е јужниот регион Алгарве, кој се наоѓа во Португалија, на брегот на Атлантскиот Океан. Тие ја задржале петтата позиција во однос на минатата година, а на набљудуваните осум артикли тамошните туристи ќе потрошат 59,69 фунти или 69,96 евра.


Втората најпогодна дестинација во Европа, а седма во светот е Сончев Брег во Бугарија. Регионот на брегот на Црното Море е познат по ноќниот живот кој привлекува многу млади луѓе, но и по културните знаменитости во непосредна близина. Корпа со осумте набљудувани производи таму чини 62,49 фунти или 72,92 евра.


Трето најпогодно место за одмор во Европа, а десетто во светот е кипарскиот град Пафос. Се верува дека Пафос е родното место на грчката божица на љубовта, Афродита. Богат е со историски локалитети, па во самиот град, покрај брегот, се наоѓа голем археолошки парк со остатоци од стари палати и театри, мозаици и столбови од различни периоди на антиката. На ова место на најсончевиот европски остров, корпа со основните осум артикли ќе ве чини 73,32 фунти или 85,56 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг