Овој јаткаст плод го штити видот и помага при проблеми со еректилната дисфункција

Точка

15/04/2024

08:49

7.875

Големина на фонт

а а а

Ф’стакот е единствениот јаткаст плод што обезбедува лутеин и каротин, два антиоксиданси кои играат важна улога во заштитата на нашите очи во процесот на стареење. Покрај тоа, содржи зеаксантин, флавоноиди и бета-каротен, кои се поврзани со пониски стапки на ментален пад поврзан со возраста.

Секојдневното консумирање ф'стаци ја намалува веројатноста за развој на катаракта или губење на видот. Тоа е и храна богата со цинк, кој помага во одржување на добар ноќен вид.


Но, тоа не е сè. Истражувањата покажале дека редовното консумирање на несолени ф'стаци помага да се намали ризикот од хронични и дегенеративни болести кои можат да резултираат со развој на дијабетес. Порција од 35 грама ф'стаци е еквивалентно на истиот внес на антиоксиданси како шолја зелен чај.

Тој е сојузник и во слабеењето

Ф'стаците се одличен извор на протеини. Ова ги прави здрава закуска која може да ви помогне да ги изгубите вишокот килограми. Освен тоа, ф'стаците имаат многу влакна, што во голема мера придонесува за зајакнување на дигестивниот систем.


Најинтересната придобивка од оваа храна е нејзиниот позитивен ефект врз проблемите со еректилната дисфункција. Студијата, спроведена од Универзитетската болница и истражувачки центар Ататурк во Анкара, Турција, а објавена во списанието „Nature“, покажала позитивни резултати кај испитаниците кои се соочуваат со ваков проблем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг