Врховниот командант на Украина, Олександр Сирски, тврди дека руското воено раководство има цел да го освои градот Часив Јар до 9 мај, на Денот на победата во Русија со којшто се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Претходно, Сирски признал дека ситуацијата на источниот фронт во Украина „значајно се влошила во последните денови“ затоа што Русија ја интензивирала офанзивната акција на истокот од минатомесечните претседателски избори, пренесува српски „Блиц“.
„Руските трупи се фокусираат на пробивот западно од окупираниот Бахмут„, изјавил Сирски.
Како што образложил, Русите се обидуваат да дојдат до каналот Сиверски Донец, по вештачки пловен пат јужно од реката по која го добил името и да го заземат Часив Јар за понатаму да напредуваат кон поширокото подрачје Краматорск.
Putin goes out of his way to hide losses from the Russian population. 20 vehicles attempted to break Ukrainian lines in Chasiv Yar but were obliterated over 5 hours. It's now a graveyard for Russian occupiers.
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) April 10, 2024
They have money for this, but not for a proper dam in Orsk.… pic.twitter.com/ZAOKuiXSLX
„На непријателските планови им пречи херојската одбрана на нашите бригади кои буквално се „закопаа“ во земја и ги задржуваат секојдневните напади на непријателот“, изјавил Сирски.
„Руските трупи ја искористија стратешката надмоќ и другите мотивациски методи, вклучувајќи и погубувања и одвоени групи пешадија, за да напредуваат до предградието на Часив Јар, но ги уништивме со помош на камиказа-дронови и артилериски оган. За да можеме одлучно да одговориме на нивните акции и да ја зајакнеме одбраната, презедовме мерки за јакнење на бригадата со муниција, беспилотни летала и електронско војување“, изјавил тој.
Працював на іншому, дуже важливому та небезпечному напрямку.
Ворог також зосереджує зусилля для прориву нашої оборони...
Posted by Головнокомандувач ЗС України / CinC AF of Ukraine on Sunday, April 14, 2024
Главниот заклучок после неговиот дводневен престој на фронтот, како што кажал, е потребата за подобрување на квалитетот на обуките, вклучувајќи и морална и психолошка компонента, како и привлекување на бројот на модерните беспилотни системи за разни намери.
Часив Јар главно е празен, тешко разорен град, 10 километри западно од Бахмут. Русија ја зголемила својата офанзива кон Часив Јар откако го зазела Авдиивка. Локалните власти тврдат дека во Часив Јар останале околу 800 жители.
Инаку, за Русија заземањето на Часив Јар би бил клучниот пресврт за понатамошното напредување кон Константиновка, Краматорск и Славјанск, велат од украинската војска.