[ФОТО] Беше симбол за чист сексапил на минатогодишната Евровизија, а еве како изгледа сега

Точка

15/04/2024

14:12

6.907

Големина на фонт

а а а

Британската актерка Хана Ведингем беше една од многуте гости на наградите „Olivier“ во Лондон за 2024 година.

Свеченото доделување обедини голем број британски ѕвезди, а најмногу се истакнаа пејачката Никол Шерцингер и убавата 49-годишна Хана.


За гореспоменатата пригода Ведингем избрала тоалета која одлично ја истакнува нејзината фигура, во боја на лаванда. Исто така, треба да се напомене дека самата тоалета била изработена од тул и интересни детали кои дополнително го нагласиле нејзиниот сексапил.

Целокупниот изглед, актерката и евровизиска водителка го надополнила со темна шминка и подигната фризура.


Да потсетиме, Ведингем стекна голема популарност на мрежите во 2023 година кога беше водителка на евровизиската програма во Велика Британија.

Таа ги освои симпатиите на публиката со харизматичната појава, но и со начинот на облекување. Луѓето со воодушевување го следеа изборот за песна на Евровизија таа година, а коментарите за нејзините тоалети тогаш се нижеа на Х (поранешен Твитер).




Спонзорирани линкови

Маркетинг