Вагоните зјаат празни, патниците се бројат на прсти

Денар

15/04/2024

19:17

2.680

Големина на фонт

а а а

Со секој поминат месец, сведоци сме на опаѓање на бројот на патници кои се одлучуваат за железнички превоз меѓу градовите во Македонија.

Недовербата во старите и често дефектни возови е главната причина за овој тренд, говорат реакциите на патниците и на вработените во Македонски железници-Транспорт.

„Секој месец забележуваме дека сѐ помалку луѓе се одлучуваат да патуваат со воз. Стравот од дефекти е оправдан, бидејќи не е реткост возот да се расипе и патниците да чекаат со часови за замена на машината”, ни изјави еден од вработените во МЖ-Транспорт, кој побара анонимност поради чувствителноста на темата.


Денар на оваа тема разговараше и со пензионерка од прилепското село Слепче, која случајно ја сретнавме на Железничката станица во Прилеп.

„Не се осмелувам да тргнам со воз до Скопје. Го користам возот само за краткото патување до Прилеп, кое трае околу 10 минути. Еве, сега само што пристигнав во Прилеп со воз, па сега треба да се качам во автобус за Скопје. Не ми се тргнува со воз до Скопје, страв ми е. Еднаш патував цели 9 часа, долго време им беше потребно за да ја поправат машината. Затоа, сега доаѓам со воз до Прилеп и потоа патувам со автобус. Поскапо е, ама е многу посигурно“, ни изјави пензионерката.


Оваа ситуација поставува сериозни прашања за иднината на железничкиот превоз во земјата и потребата од итни инвестиции и модернизација на возниот парк.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг