[ВИДЕО] Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Макфакс

16/04/2024

08:26

5.858

Големина на фонт

а а а

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“.

Момче (15) е уапсено откако епископот, свештеникот и верниците биле нападнати за време на миса во црква.

Најмалку четири лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, соопшти полицијата, а пренесува Би-би-си.

Повреден е и напаѓачот.

Инцидентот бил снимен во живо во црквата и брзо предизвикал немири во предградието Вејкли. Иако истрагата се уште е во тек, полицијата смета дека најверојатно се работи за верски мотивиран екстремизам. Властите постојано одбиваат да ја прецизираат религијата на напаѓачот.

Синоќа пред црквата каде што се случи нападот избија протести во кои стотина демонстранти се судрија со полицијата. Повредени се двајца полицајци, а уништени се 10 полициски автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг