НБА се пофали со сезона со рекордна посетеност, десет екипи ги распродале сите натпревари

Дерби

16/04/2024

12:54

4.486

Големина на фонт

а а а

Крајот на регуларниот дел од НБА сезоната донесе нов рекорд за посетеност, што е втора година во која повеќе навивачи ги следеле во живо натпреварите од НБА лигата.

Вкупно 22.536.341 гледачи биле присутни во салите во текот на целата сезона, што е зголемување во однос на минатата сезона, исто како и просечниот број на гледачи (18.322 гледачи по натпревар).

Исто така оваа сезона донесе и нов рекорд во однос на распродадените арени (872) во споредба со 791 во текот на претходната сезона.

Дури десет екипи ги распродале сите натпревари од регуларниот дел на сезоната, а тоа се Бостон, Кливленд, Далас, Денвер, Голден Стејт, Мајами, Минесота, Филаделфија, Феникс и Сакраменто.

НБА лигата одбележи и дека натпреварите ги следеле фанови од 150 земји во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг