Капело со совет за Јувентус: Треба да го ангажираат Гринвуд и уште тројца фудбалери

Дерби

16/04/2024

15:00

1.245

Големина на фонт

а а а

Јувентус планира засилувања во летниот преоден рок, но засега е нејасно кои фудбалери би пристигнале во Торино како дел од активностите на новиот спортски директор, Кристијано Џунтоли.

Фабио Капело како поранешен тренер на Јувентус во своето последно појавување во медиумите испратил трансфер совет за „бјанконерите“, потенцирајќи што им недостасува во тимот.

– Јувентус има потреба од најмалку четири квалитетни засилувања ако сака да му парира на Интер.

– Интер веќе има 20 бода предност, а уште отсега ги има договорени Тареми и Зјелински за следната сезона.

– Јувентус мора да го засили средниот ред, се зборува за Копмајнерс, но неговото доаѓање нема да биде доволно, посебно ако Рабио реши да замине. Она што е добро што клубот веќе има еден голем талент во Јилдиз, ми се допаѓа и има карактер кој е потребен за настап во топ клуб.

– Знам за Гринвуд и неговата ситуација, нема сомнеж за неговите квалитети, – рекол Капело, истакнувајќи и дека Јувентус не треба да си дозволи продажба на играчи како Бремер, Киеза и Влаховиќ, туку само надградба на актуелниот квалитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг