Казни за 181 возачи во Скопје

Макфакс

17/04/2024

07:56

604

Големина на фонт

а а а

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг