Дали страдате од пролетен замор? Не сте единствени: Еве ги симптомите на оваа состојба

Точка

17/04/2024

08:33

4.294

Големина на фонт

а а а

Пролетниот замор не е мит. Со доаѓањето на убавото време, повисоките температури и варијации во распоредот и начинот на живот, многу луѓе почнуваат да забележуваат симптоми на пролетна астенија. Тоа е привремено чувство на замор, и физички и психички.

„Пролетната астенија речиси секогаш е во корелација со пролетната сезона и главно е поврзана со промените во температурата, зголемената топлина, промените во атмосферскиот притисок“, вели Алберта Сакристана, лекар за семејна медицина за „Marca“.


Два проценти од населението страда од пролетен замор

д-р. Сакристана додава дека во овој момент од 10 до 20 проценти од пациентите се жалат на пролетен замор.

„Тоа е малку почесто на возраст од 20 до 50 години. Генерално се смета дека два проценти од населението страда од пролетен замор“, открива докторката.

Како што посочува, главниот симптом кој ја дефинира состојбата е тоа што пациентот не може да направи ништо.


"Тоа е замор и исцрпеност кои обично се појавуваат наутро. Друг симптом, особено кај жените, е главоболката. Има и болки во зглобовите, тешкотии со концентрирање на работа или учење", објаснува таа.

Не прескокнувајте оброци

Што се однесува до нештата кои можете да ги направите за да ја подобрите оваа состојба, д-р Сакристана препорачува физичка активност, сон и здрава и урамнотежена исхрана.


„Тоа се трите основни столба. Препорачувам и намалување на стресот, вежби на отворено, утрински вежби за дишење, усвојување позитивен став на работа и намалување на токсичните навики како што се консумирање алкохол и пушење. Не прескокнувајте оброци“, заклучи таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг