Роботскиот хеликоптер на НАСА прати последна порака на Земјата

Точка

17/04/2024

15:50

5.215

Големина на фонт

а а а

Роботскиот хеликоптер на НАСА, „Ingenuity“ за истражување на Марс, кој американската вселенска агенција во февруари 2021-ва година го прати на таа планета, ја прати последната порака на Земјата и сега ќе служи како фиксна единица за собирање на податоци од површината на Црвената планета.

„Ingenuity“ тежи само 1,8 килограми и повеќе наликува на дрон. Тоа е летало на соларен погон кое потсетува на кутија со четири нозе и два ротори, а својот прв револуционерен лет го реализираше во април 2021-ва година, лебдејќи на висина од околу еден метар над површината на Марс цели 39 секунди. НАСА тој подвиг го спореди со историскиот лет на браќата Рајт на Земјата во 1903-та.

Најпрво НАСА планирала 30-дневна мисија во рамките на која хеликоптерот требало да полета само пет пати, но таа се развила во речиси тригодишен научен потфат со 72 лета со покривање на далечина 14 пати поголема од првобитно планираната. Досега „Ingenuity“ вкупно минал околу 17 километри и летал на висина од 24 метри. На Марс пристигнал во февруари 2021-ва на роверот „Perseverance“.


„Долго збогум“, напишал тимот на „Ingenuity“ на социјалната мрежа „X“.

„Тимот на Ingenuity ја прими последната порака од роботскиот хеликоптер кој отсега ќе служи како тест платформа и ќе собира податоци кои би можеле да придонесат за идните истражувачи на Црвената планета“.


Долговечноста на „Ingenuity“ е неверојатна, посебно со оглед на тоа дека морал да „преживее“ ледени ноќи на Марс, загревајќи се со помош на соларни плочи кои му ги полнеле батериите во текот на денот.

„Ingenuity“ се соочил со итно слетување во текот на претпоследниот лет и изгубил контакт со роверот „Perseverance“ за време на своето конечно спуштање на 18-ти јануари. Иако контакт е воспоставен повторно следниот ден, фотографиите откриле оштетување на една од лопатките на роторот од карбонски влакна, веројатно по удар на површината.


НАСА во понеделникот објави дека бара начини на што побрз и поевтин начин на Земјата да ги донесе камењата кои „Perseverance“ ги собрал на Марс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг