[ВИДЕО] Вознемирувачко! Жена довела мртов човек во банка за да добие кредит! Морбидна снимка од Рио: „Тој е таков, не зборува ништо“

Точка

18/04/2024

23:11

6.704

Големина на фонт

а а а

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена е уапсена откако, наводно се обидела во банка да добие кредит водејќи со себе мртов маж?!

Приказната прво ја објави „TV Globo“, најголемиот емитер на вести во Бразил, а снимката се појавила на социјалните мрежи.

На снимката гледаме жена која стои покрај блед постар маж во количка. Се гледа како го придржува за врат, а го нарекува вујко.

Таа, наводно, се претставува како внука на мажот и потоа побарала заем во висина од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да потпишеш договор за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи јас не можам место тебе“, вели таа.

Службеникот на банката, кој ја направил снимката, одговара: „Ми делува дека не е добар, неговата боја“.


Жената возвратила: „Тој е таков. Не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Во банката веќе беше починат. Главната работа е да ја продолжиме истрагата за да ги пронајдеме членовите на семејството и да дознаеме повеќе за случајот“, рекол за „TV Globo“ шефот на полицијата Фабио Луиз.


Доколку се покаже дека жената е виновна, може да одговара да обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институт за судска медицина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг