Родри: Имаше само еден тим на теренот, но…

Дерби

18/04/2024

13:26

1.360

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити не успеа да го скрши отпорот на Реал Мадрид на „Итихад“, па резултатот 1-1 го однесе мечот во продолженија, а потоа и пенали каде гостите подобро се снајдоа и обезбедија пласман во наредната фаза на Лигата на шампионите.

Овој резултат дефинитивно не го очекуваа во синиот дел од Манчестер особено по претставата во првиот меч каде имаа подобри решенија во завршницата на акциите и постигнаа три гола.

- Искрено јас видов само еден тим на теренот, - истакна Родри алудирајќи на разликата во ударите (34/8) и поседот на топка (64/36 проценти).

- Тешко е да се најде објаснување. На крајот, ова е фудбал. Знаеме како функционира ова натпреварување. Тие постигнаа гол од единствената шанса, а ние не ги искористивме нашите. Не очекувавме Реал толку ниско да се брани. Имавме чувство дека повеќе им одговараат пенали.

- На крајот, ова е фудбал. Кога давате се од себе, не можете да се обвинувате себеси. Време е да станете и да му честитате на Реал, - порача играчот за врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг