[ФОТО] Русите ги надградиле своите тенкови-желки! Сега имаат блокатори за радиосигнали

Точка

18/04/2024

19:35

5.479

Големина на фонт

а а а

Руските тенкови-желки – старите „T-72“ со оклоп за заштита од дронови – не се прототипови. Русите очигледно градат цела низа такви тенкови, а во некои случаи и го подобруваат нивниот дизајн, пишува „Форбс“.

На интернетот се проширила снимка од еден украински дрон на која се гледа стандарден тенк „T-62“, „T-72“, „T-80“ или „T-90“, но со оклопи против дронови кои прилично потсетуваат на кров од настрешница. Тенкот наводно учествувал во напад на украински позиции околу населбата Краснохоривка на истокот на земјата. Овој тенк – трет од тој вид кој се појавил на фронтот во последните недели – има дополнителна одбрана од дронови: група блокатори на радиосигнали.

Блокаторите во теорија можат да блокираат сигнали кои ги користат пилотите на екплозивните FPV дронови. Секој нов систем за електронско војување кој Русите ќе го осмислат кај украинските војници предизвикува огромен интерес. Тие сакаат да знаат како работи новиот блокатор.

Кога порано овој месец бил онеспособен руски „T-72′ опремен со радио-блокатори источно од населбата Терни во Доњецк, 12. азовска бригада на украинската војска организирала мисија за крадење на тенкови и ги проучувала блокаторите.

Ваквиот тенк-желба, со блокатор и метален оклоп, би требало да биде релативно добро заштитен од некои 100.000 FPV дронови кои Украинците ги праќаат во борба секој месец. Тоа е големо јато од ситни експлозивни роботи кои секој ден внесуваат хаос меѓу руските редови, пренесува „Форбс“.


Имаат сериозни недостатоци

Сепак, вистина е дека тие тенкови имаат сериозни недостатоци. Потпорите за оклопите го спречуваат ротирањето на куполата, но ја отежнуваат и мобилноста на возилото. Што е уште полоши, инсталацијата остава простор меѓу тенкот и оклопот, а тој простор е и повеќе од доволно широк за вешти пилоти и нивните мали дронови.

Додавањето на блокатор не помогнало многу. Руските системи за електронско војување не функционираат секогаш како што треба. Еден руски блогер го нагласил апсолутно лошиот квалитет на многу од блокаторите. Блокаторот на тенкот „Т-72“ кој успешно го украла 12. украинска бригада, бил, според зборовите на еден од војниците, импровизиран и прилично непрактичен.


Многу зборува и фактот дека блокаторите на третиот забележан тенк-желка не го прикриле тенкот успешно од дроновите.

Тие тенкови исто така се истакнуваат на фронтот, местото каде славата може да биде прилично опасна работа. Само ден или два откако првиот таков тенк се појавил на фронтот околу Краснохоривка, украинскиот тим за дронови го следел до хангарот во округот Петровски во Доњецк.

Украинската артилерија го нанишанила хангарот, наводно и го уништила, како и возилата кои се наоѓале во него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг