Се продава најскапата куќа на светот за 420 милиони евра! Има 100 соби, езеро, била во сопственост на Ротшилд

Точка

23/04/2024

12:57

7.818

Големина на фонт

а а а

Во срцето на Франција, во департманот Сена и Марна, се наоѓа луксузен објект кој ја понел титулата најскапа куќа на светот. Замокот „Chateau d’Armainvilliers“ се проценува на 363 милиони фунти, односно нешто повеќе од 420 милиони евра. Ова здание се наоѓа на имот кој се простира на повеќе од 1.000 хектари земја, пишува британски „Metro“.

Се наоѓа на околу 40 километри од Париз. Замокот има 2.500 квадратни метри и 100 соби.

Овој луксузен објект кој во својот склоп има и приватно езеро, е изграден на база на замок од 12. век. Семејството Ротшилд го купило кон крајот на 19-тиот век, а после тоа го купил кралот Хасан Втори од Мароко во 1980-та. Тој направил низа промени, вклучувајќи изградба на бања, козметички и фризерски салон и целосно опремени медицински и стоматолошки ординации. Исто така, тука сега има и марокански мозаици и ѕидни плочки, како и штала за 50 коњи. Направено е и подрумско ниво каде има огромна мрежа на тунели, кујни, складишта и соби за персоналот.

Кралското семејство во 2008-ма година ја продало куќата за 200 милиони евра на анонимен купувач од Блискиот исток, кој сега ја вратил на продажба. Француските експерти за недвижнини сметаат дека цената е превисока.

„Нема смисла, тешко дека недвижнина од овој тип може да се продаде за 20-25, или за дури 30 милиони евра ако навистина ни се допаднат“, рекол еден агент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг