Научниците од Сингапур неодамна откриле загрижувачка врска помеѓу консумирањето одредени намирници и зголемениот ризик од канцер.
Според „Mirror“, тимот научници открил дека консумирањето мрсна и слатка храна предизвикува телото да произведува соединенија кои повремено можат да ја „исклучат“ способноста на генот којшто е клучен за сузбивање на туморот.
Во револуционерното откритие, било откриено дека метилглиоксалот има способност да ја блокира способноста на генот BRCA2 во борбата против канцерот.
Водечкиот истражувач и директор на Центарот за истражување на канцер при Националниот универзитет во Сингапур, д-р Ашок Венкитараман, изјавил дека метилглиоксалот го придвижува уништувањето на генот BRCA2 со што се намалува неговата активност во клетките.
Иако овој ефект е привремен, неговото делување може да ја спречи функцијата на BRCA2 во превенцијата на тумори. Тој објаснил дека честото консумирање ултра преработена храна богата со масти и шеќери може да доведе до зголемено генетско оштетување и зголемен ризик од канцер.
„Откривме дека метилглиоксалот ја инхибира функцијата спречување тумор, што на крај предизвикува грешка во нашата ДНК која е ран знак за предупредување на развој на канцер“, објаснил тој.
Студијата исто така забележала дека луѓето со дијабетес и преддијабетес често имаат високо ниво на метилглиоксал. Истражувачите предупредиле дека се потребни понатамошни истражувања затоа што студијата е спроведена на клеточните култури, а не на човеков субјект.
Инаку, студијата била објавена во магазинот „Cell“.