[ФОТО] Херојот кој беше убиен во Вејце доби мурал: Портрет на „волкот“ Бобан Трајковски насликан во Куманово

Макфакс

26/04/2024

13:18

1.650

Големина на фонт

а а а

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.

Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.


Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).

Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг