„Имам милиони, но не можам да купам здравје“: Славниот актер беше обвинет за афера со внука си, а неговите нови фотографии го загрижија светот

Супермен

26/04/2024

17:30

13.803

Големина на фонт

а а а

Славниот актер Морган Фриман, ретко се појавува во јавноста, а папарацо фотографите неодамна го снимиле на улицата Беверли Хилс.

Фановите загрижени за неговото здравје

Многумина тогаш ја забележале ракавицата која целосно му ја скрила кожата на едната рака.

Инаку, Фриман боледува од болест наречена фибромиалгија која предизвикува грчеви и спазам на мускулите, но и хронични болки.

Здравјето на актерот веќе подолго време е загрозено, а претходно било објавено дека ослабнал 11 килограми, додека неговите пријатели истакнале дека се загрижени за него.


Инаку, актерот во 2008 година доживеал и тешка сообраќајна несреќа после која му била парализирана левата дланка и од тогаш на неа носи компресивна ракавица.

Исто така неговиот живот бил полн со турбуленции, а доживеал и голема трагедија кога во 2015 година му била убиена внуката.

Имено, Е’Дена Хинес била избодена на улиците на Њујорк. Нејзиното тогашно момче Ламар Девенпорт било обвинето за убиство, а на суд изнел шокантни обвиненија на сметка на познатиот актер.


Имено, Ламар тврдел дека актерот имал афера со неговата внука и дека за тоа има доказ. Важно е да се напомне дека таа не била негова биолошка внука, туку внука од неговата поранешна сопруга Џенет.

Иако досега сето тоа останало само на гласини, сомнежите дополнително ги поттикнале пораките на Е’Дена кои Ламар ги изнел на судењето, а дел од нив гласат:


„Кога говориме за вашиот дедо, ќе сфатите дека секогаш ќе има некоја љубов затоа што сте му подредени. Тогаш му рекла дека го оттурнала од себе поради самата себе затоа што тој не требало да биде во нејзиниот живот како маж и така дедо не се однесува“, изјавил тој.

Фриман наводно ја злоставувал Е’Дена кога била млада. А, мајката на Ламар на судењето врескала и зборувала дека за сето тоа е виновен актерот затоа што Е’Дена поради него психички била нестабилна.


„Имам милиони долари во банка, но не можам да го купам здравјето за да спасам живот. Имам семејство и милиони обожаватели ширум светот, но сега сум целосно сам. Го живеев својот живот на погрешен начин и не сакам тоа да му се случи на никој“, изјавил во една прилика актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk