[ФОТО] Никогаш не се срамела да ги покаже деловите од телото, но сега отишла предалеку: „Во минатото не можев да дозволам некој да ми се приближи...“

Точка

27/04/2024

17:45

10.045

Големина на фонт

а а а

Богатата наследничка на ланецот хотели „Hilton“, Парис Хилтон, неодамна се нашла на насловната страница од магазинот „Flaunt“ и тоа во голо издание.

Иако позирала во „одело – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носела аксесоари од големите модни брендови како што се „Versace“ и „Saint Laurent “.

Во интервјуто за горенаведениот магазин, Парис на читателите им ги открила и своите ранливи страни.

„Љубовта ја набљудувам на многу поразличен начин од претходно. Во минатото преживеав трауми и поминав низ болни искуства и поради тоа морав да изградам ѕид околу своето срце. Не можев да дозволам некој да ми се приближи“, изјавила Парис и додала дека нејзиниот сегашен сопруг Картер Реум ги срушил сите тие бариери.

„Со него се чувствував сигурно, тој ги сруши тие ѕидови кои сама ги направив. Сега, со својот син и својата ќерка ја чувствувам љубовта која никогаш досега не сум ја почувствувала“.

Богатата наследничка, како што вели, е конечно среќна, а нејзиното мало семејство е сѐ што ѝ треба во животот.

„Толку сум благодарна што го најдов во вистинскиот момент од животот затоа што не би била подготвена за оваа љубов да не направев свој документарец“, заклучила таа.