Мудро планирајте: Ова се најопасните земји за одмор во светот за 2025 година

Точка

17/06/2025

18:17

1.480

Големина на фонт

а а а

Со зголемувањето на тензиите низ целиот свет, изборот на далечни летни дестинации бара одредена претпазливост и мудро планирање. Затоа финансиската страницата за споредба на податоци „Hellosafe“ ги рангираше најопасните земји за патување.

Индексот за безбедност на патувањето е создаден врз основа на 35 различни критериуми кои се класифицирани во пет категории: фреквенција на природни катастрофи, општествено насилство, учество во вооружени конфликти (внатрешни или надворешни), здравствена инфраструктура и милитаризација. Врз основа на овие индикатори, земјите се оценувани на скала од 0 до 100, при што 0 означува најбезбедна, а 100 најопасна земја.


„Hellosafe“ нагласи дека овој индекс не е наменет како одраз на туристичката привлечност на земјата, туку како глобален индекс на безбедност базиран на што е можно повеќе објективни критериуми.

Тероризам, земјотреси и вулкани

Иако можеби прво ќе помислите на Украина или Русија како едни од најопасните места, Филипините го зазедоа првото место со резултат од 82,32 од 100, што се припишува на „високите нивоа на насилство во општеството“. Еден застрашувачки пример е неодамнешното киднапирање на 26-годишниот американски јутјубер Елиот Онил Истман. Во земјата дејствуваат и муслимански бунтовнички група како што е Абу Сајаф, терористичка организација позната по киднапирање странци за откуп.



Филипините се исто така дел од Тихоокеанскиот огнен прстен, регион што формира круг околу Тихиот Океан со бројни вулкани. Значи, рамката на Тихиот Океан е всушност синџир долг 40.000 километри, преполн со ерупции, земјотреси и цунами. Сепак, овие вулкани не се буквално верижно поврзани заедно и дејствуваат сосема независно.


Стотици вулкани лоцирани во Тихоокеанскиот огнен прстен сочинуваат две третини од активните вулкани во светот. Најголемите и најтрагичните вулкански ерупции се случуваат таму, но и 90% од земјотресите на Земјата се случуваат во овој регион. Меѓутоа и покрај предупредувањата, Филипините остануваат популарна дестинација. Минатата година, 5,4 милиони странски туристи ги посетија Филипините.

Колумбија, Мексико…

На второто и третото место се Колумбија (79,21) и Мексико (78,42), земји со висока стапка на криминал и киднапирања, според американскиот Стејт департмент. Американските власти посебно ги предупредуваат своите граѓани да не патуваат во одредени области, како што се Мичоакан и Синалоа, токму поради овие причини.


Во топ пет најопасни спаѓаат и Индија и Русија, со резултати од 77,86 и 75,65. Причината е растечкиот страв од избувнување војна меѓу Индија и Пакистан по неодамнешните судири во спорната област Кашмир, како и актуелната војната меѓу Русија и Украина.


Од друга страна кога станува збор за најбезбедни земји за патување во текот на летото, најголем дел од нив се наоѓаат во Европа. Исланд го освои првото место со резултат од 18,23, по што следуваат Сингапур (19,99) и Данска (20,05), а Австрија и Швајцарија го освоија четвртото и петото место.


Топ 10 најопасни земји за патување:

Филипини (82,31)

Колумбија (79,21)

Мексико (78,42)

Индија (77,86)

Русија (75,65)

Јемен (74,6)

Индонезија (72,94)

Сомалија (70,80)

Мозамбик (69,69)

Пакистан (68,03).


Топ 10 најбезбедни земји за патување:

Исланд (18,23)

Сингапур (19,99)

Данска (20,05)

Австрија (20,31)

Швајцарија (20,51)

Чешка (21,19)

Словенија (21,44)

Финска (21,81)

Ирска (22,49)

Унгарија (22,87).