Татко сакал да побегне сред породувањето, а потоа следела неверојатна сцена: Видео од неговата реакција кога го видел бебето ги освоила социјалните мрежи

Точка

28/04/2024

13:28

7.088

Големина на фонт

а а а

Доаѓањето на бебе на свет е посебен момент за целото пошироко семејство, а особено за родителите. Присуството на татковците за време на породувањето е единствено искуство, а таа прва средба со бебето ја имаат кога треба да го земат в раце.

Извесен маж присуствувал на породувањето како би ѝ дал поддршка на својата сопруга, па некој од медицинскиот персонал успеал да го овековечи посебниот момент кога за првпат го здогледал својот син.

Со ракавици на рацете, малку исплашен, се обидел да се тргне настрана и да побегне кога го видел неговото бебе, но медицинските сестри го спречиле во тоа и му рекле слободно да го земе.


Таткото внимателно пришол и многу брзо го променил изразот на лицето во широка насмевка, радувајќи се што за првпат го држел своето дете во раце.

На медицинските сестри сето ова било бескрајно симпатично, па го охрабриле слободно да го земе, коментирајќи на кого наликува бебето.

Видеото од урнебесната реакција на младиот татко станала вирална на социјалните мрежи и собрало 1,6 милиони лајкови на „TikTok“. На многу жени на Интернет била симпатична неговата реакција и признале дека неговиот преплашен став многу ги насмеал.


„Зошто се врати назад така?“

„Што се случи, делува толку преплашено …

„Медицинската сестра е во фазон – ’дојдете ваму господине, вие сте соучесник‘“.

„Сега предадете го на мајката.“

„Медицинската сестра е во фазон – „каде си тргнал“, се само дел од коментарите.

Многу жени биле согласни дека ова е еден од најголемите стравови на новопечените татковци и дека и нивните сопрузи имале слични искуства. Сепак, многумина се согласиле дека пристапот на медицинските сестри бил крајно професионален и дека тие се обиделе да го подготват таткото за оваа нова улога и да го оттргнат стравот во неговите очи кој и те како сè уште бил присутен.


Секој маж, како што навеле одредени кориснички на мрежата, треба да го искуси ова и да цени тоа што е благословен и дека ја има честа да држи нов живот кој го создал тој, во своите раце.

Медицински сестри во коментарите пишувале дека ваквите реакции се вообичаено, како и дека се случувало некои татковци да се онесвестат од шок, но дека среќата и радоста се најприсутни кај двајцата родители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг