Димитар Апасиев претседателот на Левица кој е прилично активен на социјалните мрежи ги повика лидерот на СДСМ, неговиот имењак Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
На социјалната мрежа Фејсбук лидерот на Левица Димитар Апасиев ги повика Мицковски и Ковачевски на телевизиски Дуел преку саркастичен хумор карактеристичен во негов стил. Комнетарот ви го пренесуваме во целост:
Таче и Мицко не ја прифатиле поканата за телевизиска ДЕБАТА со мене како носители у Кецот. 😭
p.s. Да поминам да ве зеам или да зеам да ве поминам?
#ЈаСамВиеДвајца
#НехаризматичнитеVsНеподмитливите
Она што можевме да го забележиме во коментарите е дека воглавно се од подржувачи на Левица и се од саркастично-хумористичен карактер, освен оној на неговата сопруга Тамара каде објаснува како таа би постапила доколку е на нивно место. Ви го пренесуваме во целост:
“Политички скапо би им било. И ја да сум на нивно место, не идам”
[ФОТО: Тамара Јованов - извор: Фејсбук 18.07.2020]
[Димитар Апасиев и сопругата Тамара, Фото извор: Фејсбук]