Десетици убиени и ранети во напади во северниот дел на Газа, Израел тврди дека мета биле терористи

Макфакс

10/11/2024

16:57

740

Големина на фонт

а а а

Десетици луѓе се убиени и ранети во израелски напад во неделата во мугрите на куќа во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските лекари.

Жителите велат дека била погодена зграда во која живееле најмалку 30 луѓе.

Министерството за здравство на Газа не го прецизираше бројот на жртвите.

Подоцна израелската армија објави дека нападнала цел во Џабалија од која „оперирале терористи“.

„Тие терористи претставуваа закана за израелските сили (IDF) кои дејствуваат во областа. Деталите се проверуваат“, соопшти израелската војска.

Обидите да се постигне примирје меѓу двете завојувани страни досега беа неуспешни.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за неуспех на преговорите.

Хамас бара договор што ќе стави крај на војната и ќе вклучи размена на затвореници за заложници, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека војната ќе заврши само кога Хамас ќе биде искорен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг