„Nokia“ го оживува својот легендарен модел од 90-тите

Точка

09/05/2024

14:36

9.523

Големина на фонт

а а а

„HMD“ го претстави телефонот „Nokia 3210“ во ново руво, а класичниот телефон од 90-тите пристигнува во модерна варијанта.

Новиот „Nokia 3310“ телефон добил модерни функции, како што е 4G поддршка, како и свежи бои.

Телефонот има 2,4-инчен екран, работи на „Unisoc T107“ процесор, а го напојува батерија од „1450 mAh“.

За складирање на податоци има 64 GB до 128 GB интерна меморија, како и „micrsoSD“ слот.

Интересно е дека новиот „Nokia 3210“ одзади ќе има камера од 2 MP, иако оригиналниот модел ни доаѓа од времето кога телефоните сè уште немале камери.

Секако, на телефонот ќе биде инсталирана популарната игра „Змија“ или „Snake“.

Новиот „Nokia 3210“ телефон ќе биде достапен по цена од 89 евра, а во продажба се очекува од крајот на мај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг