Јокиќ ќе игра за Србија на ОИ

Макфакс

22/05/2024

15:56

8.075

Големина на фонт

а а а

Трикратниот МВП на НБА, кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе игра за репрезентацијата на Србија на претстојните Олимписки игри во Париз.

Пред три дена Нагетс беа елиминирани во полуфиналето на плејофот на Западот, откако беа поразени од Минесота Тимбервулвс во серијата со 4:3 и нема да ја бранат титулата во НБА лигата.

По тој меч Јокиќ беше прашан за настапот на Олимписките игри.

„Не знам, ќе видиме, мора да размислам“, изјави актуелниот МВП на НБА.

Сепак, како што дознава „Максбет спорт“, Јокиќ на Олимписките игри ќе игра за Србија.

Овој извор наведува дека најдобриот НБА кошаркар до крајот на неделата треба да пристигне во Србија, каде со семејството во Сомбор ќе го чека почетокот на подготовките на националниот тим на 24 јуни во Стара Пазова.

Останува да се почека потврдата од селекторот Светислав Пешиќ или од самиот Јокиќ.

Последен пат за Србија Јокиќ играше на ЕП во 2022 година, кога Србите шокантно беа елиминирани од Италија во осминафиналето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг