Невил: Роналдо е феномен, не можам да поверувам…

Дерби

24/06/2024

14:24

1.990

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо имаше навистина импресивна сезона во дресот на Ал Наср и во добра форма го дочека Европското првенство на кое неговата селекција тргна со две победи во кои тој не се запиша во листата на стрелци, но се стави во функција на тимот и забележа асистенција против Турција.

Со оглед на тоа што е блиску до 40. година од животот е навистина импресивно се што прави Португалецот, па дури ги остава без зборови играчите со кои веќе има соработувано како што е Гери Невил.

-Не можам да поверувам дека има дадено 895 голови. Тоа изгледа како грешка. Се разбира, знаев дека обично постигнува неколку голови, но да бидам искрен…

-Кај него се е професионализам – никогаш во кариерата не се подготвувал за игра безгрижно. Тој е феномен, еден од најголемите што сме ги виделе или ќе ги видиме. Неговата посветеност и желба за победа се неверојатни, а 895 гола е на работ на невозможното, -истакна Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг