Легендарниот американски кечер: „Во животот спиев со 10.000 жени! Моногамијата е тешка“

Точка

23/05/2024

12:13

9.198

Големина на фонт

а а а

Самата идеја за моногамија за мене е тешка … Ако сум се борел на некое друго место и морам таму да преспијам, бидете сигурни дека таа вечер нема да ја минам сам, вели борачот.

Засега вели дека во животот бил добар во три работи: борење, опивање и заведување. Не ги споредувал, но оние кои го знаат велат дека во сите три бил еднакво успешен. Рик Флер многу од фановите го сметаат за „најголем во историјата“ во историјата на американското борење, пријателите повеќе пати останале шокирани од количината на алкохол која ја внесувал во себе, а во кревет одвел дури 10.000 жени.

Вели дека рано почнал со заведување и авантури, односно од седмо одделение.


Пет пати се женел, пет пати се разведувал, а повеќето бракови имале многу краток рок на траење …

„Самата идеја за моногамија за мене е тешка … Ако се борам во некој друг град и морам таму да преспијам, бидете сигурни дека таа вечер нема да ја поминам сам“, рекол своевремено Флер за „ESPN“.


Со опивањето сепак морал да престане. Рекол дека пиел 10-тина пива и пет коктели дневно цели 20 години, па веројатно се загрижил дека тоа ќе влијае на неговото либидо.

Во интервјуата рекол дека не сите дами кои ги одвел во кревет „биле како Мерилин Монро“, но него тоа не му пречело.


Подоцна порачал дека му е жал што признал дека спиел со 10.000 жени.

„Таа е бројка е вистинска, но се чувствувам лошо поради тоа. Би сакал да не го кажев тоа поради своите внуки“, вели Флер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг