[ФОТО] Фановите шокирани од најновото издание на Емили Ратајковски во минијатурно бикини позирајќи низ улиците на Њујорк: „Зошто секогаш си гола?“

Супермен

01/06/2024

16:04

16.269

Големина на фонт

а а а

Моделот Емили Ратајковски ги шокираше фановите со нејзиниот најнов аутфит за време на неодамнешната сесија.

Оваа девојка е добро позната по тоа што ја покажува својата фигура гордо постојано на социјалните мрежи.


На новите секси фотографии кои ги сподели на нејзиниот „Instagram“ профил, Емили (32), се прошетала низ Њујорк само во бикини.

Шарениот минијатурен костим за капење совршено бил прилепен на нејзините облини, додека во прв план биле нејзините затегнати стомачни и нозе.

Таа одела низ улицата додека носела бели чорапи и црвени „Vans“ патики.


Актерката од „The Gone Girl“ својот изглед го комплетирала со пар златни обетки, ланче и очила за сонце.

Емили цврсто држела полуиспиена шолја за кафе, а нејзината кафена коса била обликувана да паѓа надолу преку рамениците. Шминката како и секогаш, совршена.


„City Kini“, напишала во описот на нејзините најнови бикини кои веќе се достапни на нејзината веб-страница „Inamorata“.

Таму, таа продава широк спектар на костими за капење, вклучително горен дел, долен дел и наметки.


„Таа старее наназад“

Во делот за коментари, многу фанови – и познато лице – имале само пофални зборови за ѕвездата.

Поп пејачката Камила Кабељо напишала: „Најлошата“. „Боже … Жешко е! Ти си виновна за тоа“, напишал извесен фан.

Коментарите само се нижеле, а ова се дел од нив:


„Таа старее наназад“, „Вау, ми ја спушта вилицата до под“, „Зошто секогаш си гола?“, „Да го имав тоа тело и јас секогаш ќе шетав гола наоколу“.


Што мислите вие за ова издание на Емили?

 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk