Акциите на „Apple“ скокнаа на рекордно високо ниво по една објава на компанијата

Супермен

12/06/2024

09:15

9.356

Големина на фонт

а а а

Акциите на „Apple“ во вторникот се зголемија за 7% до ново рекордно високо ниво од 207,15 долари по акција, еден ден откако компанијата го објави својот долгоочекуван продор на тлото на вештачката интелигенција.

„Apple“ во текот на настанот во понеделникот претстави низа нови АI функции, вклучувајќи ревизија на својот гласовен асистент „Siri“, интеграција со „ChatGPT“ на „OpenAI“, низа алатки за помош при пишување и нови приспособливи емотикони.


Компанијата ги промовираше функциите како вештачка интелигенција за просечниот човек, иако корисниците најверојатно ќе треба да ги надградат своите „iPhone“ уреди за да пристапат до алатките.

Со зголемувањето на цената на акциите во вторникот, „Apple“ го надмина својот претходен рекорд од 14 декември.

Аналитичарите на „Bank of America“ исто така биле оптимистични во врска со најавите на „Apple“, велејќи дека ваквите функции ќе доведат до „циклус на надградби за „IntelliPhone“ со овозможена вештачка интелигенција“. Аналитичарите ја задржале својата оцена за купување на акциите поради ветувањето за повеќегодишен циклус на надградба, потенцијалот за зголемување на бруто-маржата и раст на услугите.


Аналитичарите од „Evercore“ рекоа дека ја напуштиле конференцијата со „зголемена доверба“ во стратегијата за вештачка интелигенција на „Apple“, особено затоа што веруваат дека тоа ќе ги охрабри корисниците да ги надградат своите уреди.

„Ограничувањето на „Apple Intelligence“ на „iPhone“ продадени минатата година го зајакнува нашето верување дека вештачката интелигенција може да помогне во придвижувањето на суперциклусот на „iPhone“ уредите“, велат аналитичарите, пренесува „CNBC“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk