Роналдињо огорчен: Го напуштам Бразил, нема да гледам ниту еден натпревар на репрезентацијата

Точка

15/06/2024

11:31

5.965

Големина на фонт

а а а

Роналдињо е револтиран од бразилската репрезентација пред која е настап во Копа Америка. На 25 јуни Бразилците играат против Костарика, а во групата се и Парагвај и Колумбија.

На Бразил во последно време не му оди баш најдобро, а доказ за тоа е формата во квалификациите за Светското првенство. Бразил е во серија од четири натпревари без победа, од кои три загуби. Пласманот не треба да биде доведен во прашање, но игрите на репрезентацијата никого не импресионираат.


Легендата е огорчена

"Нема да гледам ниту еден натпревар на Бразил. На репрезентацијата и недостига се. Одлучност, радост, добар фудбал. Ќе го напуштам Бразил", кратко изјави легендарниот напаѓач.


Роналдињо одигра 97 натпревари за Бразил од 1999 до 2013 година и постигна 33 гола. Со репрезентацијата ја освои Копа Америка во 1999 година, а Светското првенство три години подоцна. Тој се пензионираше во 2015 година како играч на Флуминенсе, а играше и за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг