Почина великанот на Арсенал и Евертон, Кевин Кембел

Макфакс

15/06/2024

13:52

2.483

Големина на фонт

а а а

Поранешниот играч на Арсенал, Кевин Кембел, почина во саботата наутро на 55-годишна возраст. Веста дојде само две недели откако беше откриено дека е во болница поради тешка болест.

Кембел беше популарна фигура во англискиот фудбал, и како играч и како харизматичен ТВ аналитичар.

„Уништени сме кога дознавме за смртта на Кевин Кембел“, пишува меѓу другото на Твитер профилот на англиската репрезентација.

Кембел беше најдобар стрелец во младинските категории, а за Арсенал дебитираше во 1988 година.

Со „топчиите“ ја освои Премиер лигата, како и ФА Купот, Лига купот и Купот на победниците на куповите.

Клубот за кој постигна 55 гола на 210 настапи, го напушти во 1995 година кога се пресели во Нотингем Форест за 2,5 милиони фунти.

По краткиот период во Трабзон, каде што беше цел на расизам, Кембел пристигна во Евертон на позајмица во 1999 година.

Она што требаше да биде краткорочна соработка се покажа како многу успешна и долга.

Беше член на „Карамелите“ од 1999 до 2005 година. Потоа играше за Вест Бром и Кардиф, каде ја заврши кариерата во 2007 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг