Најлоша репрезентација на ЕУРО? „Беа срамни и разочарувачки лоши“

Супермен

18/06/2024

16:11

4.714

Големина на фонт

а а а

Поранешниот германски голман Јенс Леман (54) ги анализирал воведните денови на Европското првенство.

Леман како колумнист на англискиот „Дејли мејл“ се фокусирал на премиерата на турнирот. На неа, домаќинот Германија ја совлада репрезентацијата на Шкотска со 5:1 на минхенската Алијанц Арена.

Домаќинот на ЕУРО беше пресилен за Шкотите, па веќе во првото полувреме постигна три погодоци.


Шкотите во меѓувреме останаа и со играч помалку, па на крајот и добро поминаа со пет гола во мрежата.

„Бев во Минхен на отворањето на натпреварот помеѓу Германија и Шкотска и веќе мислам дека Шкотска е најлошата репрезентација на турнирот. Играчите на Шкотска беа срамни и разочарувачки лоши за разлика од нивните фантастични навивачи. Би сакал да поминат, но не гледам како би можело да се случи тоа. Да, Германците беа „наострени“, но Шкотите погрешија во сè“, истакнал Леман.

Тој смета дека оваа победа не е реален показател за квалитетот на Германија.


„Дури и како навивач на Германија, разочаран сум од тоа што не беа конкурентни, затоа не се занесувам бидејќи натпреварот беше како тренинг. Унгарија и Швајцарија ќе бидат потешки тестови, дури по нив ќе можеме да ја гледаме Германија како конкурент за титулата“, напишал Леман.

Во вториот натпревар од првото коло во групата А, Швајцарците ги победија Унгарците со 1:0.

Од секоја група поминуваат првите две репрезентации, а во нокаут-фазата ќе се пласираат и четири од шесте најдобри третопласирани селекции.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk