Интервју со Александра Ѓиновска, раководител на технологија во IT Labs: Growth Labs AI Academy е одлична можност за сите кои сакаат одличен кариерен развој во ИТ сферата

Точка

24/06/2024

15:41

9.998

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција има огромен потенцијал да трансформира различни индустрии и да влијае на сите аспекти од нашиот секојдневен живот, од автоматизација на секојдневните задачи, до едноставни решенија за комплексни анализи на податоци. AI е технологија која ја олеснува иднината во IT сферата, но и секојдневното живеење за секој од нас.

Во последно време се зборува многу за вештачката интелигенција, но во разговор со Александра Ѓиновска, раководител на технологија во IT Labs, ќе ги дознаеме сите можности и предностите што ги нуди вештачката интелигенција, како и за предизвиците што ги носи во иднината.

• Што е вештачка интелигенција и како таа се разликува од традиционалните компјутерски програми?

- Кои се основните компоненти и принципи на вештачката интелигенција? Како се постигнува интелигентно однесување во системи кои користат вештачка интелигенција?

Вештачката интелигенција и традиционалните компјутерски програми се двa различни методи за решавање на проблеми од областа на компјутерската наука. Традиционалните компјутерски програми извршуваат експлицитни инструкции и се користат за развој на веб апликации, обработка на податоци и развој на софтвер. Традиционалните компјутерски програми одиграа значајна улога во процесот на дигитализација на различни деловни процеси. Но, главното ограничување на традиционалното програмирање е тоа што е детерминистичко и може да реши само проблеми за кои е специфично наменето. Тоа значи дека секоја промена во бизнис моделот треба да се рефлектира во подобрување на кодот со дополнителни инструкции за да го одрази деловниот тек.

Од друга страна, вештачката интелигенција користи машинско учење, невронски мрежи, обработка на природен јазик за да симулира расудување слично на човекот, овозможувајќи му да се прилагоди, учи и подобрува, притоа донесувајќи одлуки соодветни за контекстот. Главниот двигател на вештачката интелигенција се податоците. Огромни количини на податоци, во форма на говор, текст или слика, се собираат и се применуваат на математички модели или алгоритми.

Вештачката интелигенција има за цел да им обезбеди на машините слични способности како човечките, за детална обработка и анализа.

• Кои се најзначајните придобивки што ги нуди вештачката интелигенција во ИТ светот?

-  Кои индустрии најмногу користат AI технологија? Како вештачката интелигенција може да помогне во решавањето на сложените проблеми и да ги автоматизира процесите?

Вештачката интелигенција ги надминува познатите ограничувања на можностите и функционалноста овозможени од машинското програмирање. Оваа врвна технологија им овозможува на машините да дејствуваат со одреден степен на автономија, што резултира со ефективно извршување на повторувачки задачи. Со автоматизирање на повторливите задачи кои одземаат многу време, без потреба од човечка интеракција, се постигнува значително зголемување на ефикасноста. Со усвојувањето на предвидлива аналитика и одржување, AI помага во оптимизација на операциите и процесите, истовремено намалувајќи ги трошоците и времето, како што се гледа во управувањето со синџирот на снабдување и потрошувачката на енергија. Предвидувачките аналитики се особено вредни во индустриите како што се здравство, финансии, маркетинг и рекламирање, каде што со усвојување на анализа на чувствата може да се предвиди однесувањето на корисникот и да се подобри задоволството на клиентите. Одличен пример за прифаќање технологии за вештачка интелигенција се Netflix, YouTube, Tik Tock, Spotify со нивните персонализирани системи за препораки.

Со неодамнешното воведување на генеративна вештачка интелигенција и способноста да се генерира сосема нова содржина, во форма на текст, слики, музика, па дури и код - влијанието беше забележано во повеќе индустрии како маркетинг и рекламирање, но и фармацевтската индустрија - забрзување на процесот на откривање лекови, модната индистрија и Со неодамнешното воведување на генеративна вештачка интелигенција и способноста да се генерира сосема нова содржина, во форма на текст, слики, музика, па дури и код - влијанието беше забележано во повеќе индустрии како маркетинг и рекламирање, но и фармацевтската индустрија - забрзување на процесот на откривање лекови, модната индистрија и образованието - со персонализирани материјали за учење засновани на индивидуалните когнитивни вештини и напредок.

• Што може да се очекува од вештачката интелигенција во иднина?

- Кои се најперспективните насоки за развој на вештачката интелигенција? Кои нови технологии или апликации би можеле да ги видиме во следните 5-10 години?

Вештачката интелигенција има значајна важност поради нејзиното трансформативно влијание врз различни аспекти од нашите животи. Таквата револуција веќе се чувствува во начинот на кој работиме и живееме.

Темпото со кое се развива генеративната вештачка интелигенија е исклучително брзо, така што очекувањата се дека ќе се усвои во повеќе индустриимногу наскоро. Се очекува вештачката интелигенција да го револуционизира здравствениот систем со помош на пресонализирани третмани. Напредокот на AI најверојатно ќе продолжи да помага во развојот на автономни возила. Вештачката интелигенција во образованието ќе го промени начинот на учење кај луѓето од сите возрасти. Банките и финансиските институции уште повеќе ќе ја користат вештачката интелигенција за низа апликации, како на пример откривање измами и можни хакерски напади. Се очекува вештачката интелигенција да игра клучна улога во борбата против климатските промени преку оптимизирање на употребата на енергија.

Интеграцијата на вештачката интелигенција со квантното пресметување, се очекува да донесе напредок во процесорската моќ и брзина, а истовремено да решава сложени проблеми кои во моментов се нерешливи за класичните компјутери.

Од друга страна, пред нас не е само потенцијалот на вештачката интелигенција, туку и потребата од робусни рамки за управување со социјалните и етичките импликации.


• Дали вештачката интелигенција во моментов е најатрактивната програма во ИТ светот, и ако е така, зошто?    

- Кои се показателите кои ја прават вештачката интелигенција толку привлечна за студентите и професионалците? Како се споредува со другите ИТ трендови како што се блокчејн или сајбер безбедноста?

Според извештајот на Светскиот економски форум, иднината на Jobs Report 2023, повеќето од најбрзо растечките улоги кои ја преобликуваат глобалната работна сила, се улоги поврзани со технологијата. Специјалисти за вештачка интелигенција и машинско учење се на врвот на листата на најбрзо растечки работни места, проследени со:

• Специјалисти за вештачка интелигенција и машинско учење – нивната улога е во првите редови на технолошките иновации, со проектирана стапка на раст од 39% до 2027 година. Подемот на вештачката интелигенција трансформира различни индустрии, создавајќи голема побарувачка за специјалисти кои можат да развијат и управуваат со системи базирани на вештачка интелигенција.

• Аналитичари за деловна интелигенција - Со експлозијата на податоци во секоја индустрија, расте потребата од аналитичари кои можат да ги толкуваат и користат овие податоци за стратешки одлуки, со очекуван пораст од 32%.

• Аналитичарите за безбедност на информациите - Како што сајбер заканите стануваат пософистицирани, се очекува побарувачката за професионалци за информатичка безбедност да порасне за 31%.

• Аналитичарите на податоци и експерти во наука за податоци - се очекува овие професии да забележат стапка на раст од 30%, бидејќи организациите повеќе се потпираат на сознанија водени од податоци за нивните операции.

Иако возбудата околу вештачката интелигенција може да изгледа слично со некои од претходните ИТ трендови, како што е блокчејн, можеме да бидеме сигурни дека вештачката интелигенција е тука и ќе се задржи долго, односно ќе биде присутна и понатаму. Предностите на вештачката интелигенција, од компјутерска визија, до обработка на природни јазици – ја прават подобна за широка употреба во широк опсег на полиња, од автономни возила до здравствена дијагностика, до услуги на клиентите и персонализирани препораки.

Влијанието на вештачката интелигенција е широко и трансформативно, подобрувајќи ја автоматизацијата, брзината и точноста на донесување одлуки и услугите за персонализација. Тоа е централна алатка за развој на попаметни системи кои можат да учат и да се прилагодуваат со текот на времето.

• Зошто е добро студентите да изберат програма за вештачка интелигенција на технолошка академија?

- Кои се клучните вештини и знаења што ќе ги стекнат студентите? Како програмата ги подготвува студентите за пазарот на трудот и идните можности за кариера?

Со избирање на еден од курсевите на Growth Labs Academy од програмата за вештачка интелигенција, студентите ќе имаат можност да се стекнат со потребните вештини и знаења за една од најбараните професии на глобално ниво и да бидат конкурентни на глобалниот пазар на труд. Наставната програма е направена за да обезбеди основно знаење за концептите во математиката како регресија, статистика, наука за податоци и инженерство на карактеристики, за да се подготват податоците и да се најдат значајни решенија. Програмата ќе вклучува практични проекти, преку кои се применува теоретското знаење.

Наставната програма е поделена на 3 групи: анализа на податоци, инженерство на податоци и машинско учење/наука за податоци.

Следејќи го курсот за анализа на податоци, студентите ќе се стекнат со вештини за трансформирање на необработени податоци во знчајни заклучоци и визуелизации, преку користење на алатки како Python и Power BI и фокус на стекнување вештини како Excel.

Програмата за инженерство на податоци е дизајнирана да ги научи студентите како ефикасно да обработуваат и управуваат со големи групи на податоци. Програмата ги опфаќа основите на складирање на податоци, техники за обработка на податоци и архитектури што се користат за ефикасно пребарување и управување со податоци. Студентите учат за алатките и технологиите кои се потребни за да се изградат робусни цевководи за податоци, да се изврши интеграција на податоците и да се обезбеди квалитет и безбедност на податоците. Целта е да се подготват дипломираните студенти да дизајнираат и одржуваат системи кои овозможуваат ефективна анализа на податоци.

Исто така, студентите ќе стекнат вештини и знаења за машинско учење, длабоко учење, обработка на природни јазици (NLP), големи јазични модели (LLMs), општа вештачка интелигенција и компјутерска визија, а студиите на Growth Labs AI Academy, опфаќаат и практични деловни примени за овие технологии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг