Матеус во екстаза по неверојатниот потег на Ламин: Марадона, Меси и сега Јамал!

Дерби

25/06/2024

15:08

1.905

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал одигра само 20 минути против Албанија и доби поштеда од шпанскиот селектор Де ла Фуенте, но времето кое го мина на теренот беше доволно квалитетно за да добие низа пофалби од светската јавност.

УЕФА веќе на големо го сподели неговиот неверојатен прием со кој извади од игра двајца албански фудбалри, па иако цела Шпанија му се поклони на својот тинејџер за магијата, убедливо најдобриот коментар го дал Лотар Матеус.

Додека го коментирал натпреварот во живо за германската телевизија, легендата на Баерн Минхен испорачал најоригинален коментар за 16-годишното момче.

Талентот на Барселона е предодреден да одбележи една фудбалска ера во Барселона и Шпанија, а Матеус го споредил со Марадона и Меси по вонсерискиот прием на топката.

– Марадона, Меси и сега Јамал…



Спонзорирани линкови

Маркетинг