Турците ги разбеснија Германците! На ЕУРО за само 130 километри користеле авион

Точка

28/06/2024

12:42

2.951

Големина на фонт

а а а

Турција со драматичната победа над Чешка (2-1) во последното коло од групата избори осмина финале на ЕУРО против Австрија и воодушеви бројни навивачи. Но, истовремено ги разбеснела домаќините на Европското првенство. Причината е што на одлучувачкиот натпревар од кампот во Хановер до Хамбург, каде се играл натпреварот, патувала со авион иако тие два града се оддалечени само 132 километри.

Германците полуделе поради нееколошкиот потег на Турците

Значи, Турција се однесувала неодговорно и нееколошки. Наведената релација можела брзо и со повеќе грижа за околината да се мине со автобус или воз. Германците за ова полуделе бидејќи УЕФА актуелното првенство го промовира како еколошки најодржливо Европско првенство во историјата. Вернер Рех од германската федерација за заштита на околината и природата вака го коментирал потегот на Турците: „Сосема бесмислено и непотребно“.


Во истиот тон е и реакцијата на Рене Шварц од граѓанската иницијатива за намалување на загадувањето на воздухот во Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. Тој вака зборувал за краткиот и непотребен лет на турската репрезентација:

„Тоа е апсолутно неприфатливо. Хамбург не дозволува до стадионот да се води ни со електричен автомобил, па навивачите користат јавен превоз, а репрезентацијата на Турција за оваа кратка релација лета со авион“.

Шефот на турнирот Мартин Кален коментирал: „Речиси сите патувања на екипите на ЕУРО се одвиваат со автобус и воз. Репрезентациите имаат базни кампови во близина на местото каде што играат, што и сто така многу намалува емисиите. Турција таму долета со авион од безбедносни причини. Но, за враќање зедоа автобус“ …




Спонзорирани линкови

Маркетинг