Милијардер ја награди грузиската репрезентација со 10 милиони евра, ветил неверојатна премија доколку ја елиминираат Шпанија

Точка

27/06/2024

19:00

2.657

Големина на фонт

а а а

Основачот на грузиската владејачка партија и поранешен премиер, Бидзина Иванишвили, изјави дека ќе ѝ донира 30 милиони лари (10,7 милиони евра) на фудбалската репрезентација откако фудбалерите успеаја сензационално да се пласираат во осминафиналето на ЕУРО 2024.

Во соопштението, неговата партија „Грузиски сон“ наведува дека Иванишвили му честита на тимот и ветува пари од неговата добротворна фондација како признание за, како што ја нарекол, „историската победа од соништата“.

Иванишвили, кој е „тежок“ 4,9 милијарди евра, ветил дополнителни 10 милиони евра доколку Грузија ја победи Шпанија во осминафиналето во недела.

Роден во Грузија, тој го стекнал своето богатство во Русија во 90-те, пред да се врати дома и да ја основа партијата „Грузиски сон“ во 2011 година. Иванишвили победи на изборите во 2012 година и беше премиер една година, пред да му ја препушти функцијата на избраниот наследник.


Иако партијата „Грузиски сон“ вели дека е прозападно ориентирана и го поддржува влезот во Европската унија и воената алијанса НАТО, грузиските и западните критичари го обвинуваат Иванишвили за авторитарни и проруски ставови.

Да потсетиме, Грузија на ЕП загуби од Турција (3:1), ремизираше со Чешка (1:1) и ја победи Португалија (2:0).



Спонзорирани линкови

Маркетинг