Гатузо сака да врати легендарен хрватски фудбалер во Хајдук

Дерби

30/06/2024

17:30

2.763

Големина на фонт

а а а

Иван Ракитиќ важи за еден од најуспешните хрватски репрезентативци во историјата, но интересно е тоа што искусниот играч за врска никогаш во кариерата не заигра на домашната сцена.

Ракитиќ е роден во Швајцарија и фудбалските почетоци ги имал во оваа земја, па така стана и младинец на Базел од каде потоа почна неговото извонредно фудбалско патување, кое го однесе до клубови како Севилја и Барселона.

Популарната „Ракета“ во моментов е една од ѕвездите кои играат во Саудиска Арабија, но на стартот на ова лето се отвора опција за првпат да биде дел од хрватската фудбалска елита.

Како што јавуваат угледните хрватски медиуми, Ракитиќ со добри очи гледа на враќање во Хрватска и играње во Првата лига, особено поради фактот што добил повик од човекот кој неодамна беше претставен како лидер на проектот на Хајдук.

Џенаро Гатузо го пикирал Ракитиќ и го посочил како најважна трансфер мета за новата сезона, но истото важи и за Един Џеко кој во моментов настапува во Турција.

Според информациите, сега се чека само официјална понуда од Хајдук до саудискиот клуб, по што се очекува интензивирање на преговорите кои би можеле да донесат уште една голема ѕвезда во хрватскиот фудбал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг