Наполи може да се засили со повремен италијански репрезентативец

Дерби

28/06/2024

14:42

1.086

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот прволигаш Наполи доби нов тренер во името на Антонио Конте и сега може да тргне во градење на составот за натпреварувачкаат 2024/2025.

Дефинитивно се потребни засилувања, освежувања на екипата, а едно од нив може да биде дефанзивецот Леонардо Спинацола. Тој ја завршува соработката со Рома или поточно договорот му исктекува на крајот на месецов и како слободен играч може да ја избере следната дестинација во кариерата.

Според „Скај Спорт Италија“, клубот од Неапол е сериозно заинтересиран за неговите услуги и веќе се водат преговори со застапниците на Спинациола.

Леонардо одигра 36 средби за „волчицата“ во минатава сезона на кои даде 1 гол и забележа 4 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг