Стив Џобс го создал „Аpple“ користејќи еден едноставен совет од својот татко

Супермен

02/07/2024

22:32

2.802

Големина на фонт

а а а

Волтер Ајзаксон, биографот на соосновачот на „Apple“, Стив Џобс, во емисијата “60 Minutes“ на „CBS“ раскажал како таткото на Стив, Пол, влијаел на неговиот син.

Тоа влијание оставило длабока трага на Стив кога неговиот татко го научил како да изгради ограда околу нивната куќа во американската сојузна држава Калифорнија. Во таа прилика Стив научил како да биде, како што истакнал Ајзаксон, посветен на деталите, начин на размислување кој го применуваше водејќи го „Apple“.


„Пол му рекол на својот син: ‘Треба да го направиш задниот дел од оградата, кој никој нема да го види, подеднакво добар како и предниот дел од оградата. Иако никој нема да го види, ти ќе знаеш за тоа, а тоа ќе покаже дека си посветен да создадеш нешто совршено“, раскажал биографот.


И самиот Џобс му рекол на Ајзаксон дека сака да ги прави работите како што треба. Ајзаксон во својата биографија „Steve Jobs“ напишал дека Џобс се погрижил секој детаљ да биде со највисок квалитет. Тој инсистирал внатрешноста на микрочиповите да изгледа убаво и дека секој „шраф има скапа облога“.

Џобс изјавил за списанието „Playboy“ во 1985 година дека држењето до таквиот стандард му помогнало „подобро да спие ноќе“, пренесува „CNBC“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk