Викторија и Дејвид Бекам ја прославија 25-годишнината од бракот, а за таа прилика повторно ја облекоа иконската виолетова свадбена комбинација.
Двојката се венча на 4 јули 1999 година на раскошна церемонија во замокот Лутрелстаун во Ирска, која чинеше речиси милион фунти. За таа прилика избраа прилично неконвенционална свадбена облека. Имено, тие носеа виолетова тоалета и одело, а на свадбата имаа и „трон“.
Бекамови само се потрудија да го рекреираат ова иконско издание за 25-годишнината, а Дејвид сподели фотографија на Инстаграм.
„Погледнете што најдовме“, се пошегувал Дејвид, објавувајќи фотографија од нив како седат на тронот.
Do you remember when Victoria Beckham, David Beckham and their son Brooklyn all wore matching purple for their wedding reception? 💜 pic.twitter.com/RWkVvmRzrg
— Vogue France (@VogueFrance) June 13, 2021
Во неговиот документарен филм „Бекам“, во една прилика Дејвид се осврна на виолетовата облека, велејќи: „Се обидувам да се сетам кога решив да облечам виолетов костум, но не знам кога се случи. Мислам дека ја следев Викторија во тоа , но што ли си мислевме?“
На почетокот на нивната врска, парот беше препознатлив по сличните облеки во кои се појавуваа во јавност.