Моќен зачин кој прави чуда за здравјето на црниот дроб, бубрезите и мозокот – додадете го во млеко пред спиење

Точка

22/07/2024

21:20

17.266

Големина на фонт

а а а

Зачините, често се заборавени и потценети, а освен нивната улога во кујната и можноста од храната да направат „експлозија од вкусови“, неретко имаат и многу скриени здравствени придобивки, па така и морското оревче.

Веројатно не се ни сеќавате кога последен пат сте го искористиле во кујната, а особено како главна состојка во некој напиток – голема грешка.

Овој интересен зачин може да ублажи и спречи бројни здравствени проблеми, од психички до физички.


Морското оревче е зачин добиен од семето на дрвото Myristica fragrans, по потекло од Индонезија. Познато е по својот сладок и малку јаткаст вкус, а се користи и во слатки и во солени јадења, вклучително и печива и пијалаци. Иако се смета за зимски зачин, нема причина да не го користите и во лето.

Морското оревче содржи миристицн со антиинфламаторни и антимикробни својства, но важно е да се консумира умерено бидејќи прекумерното внесување може да биде токсично.

Здравствени придобивки од морското оревче

Подобар сон – морското оревче содржи миристицин, кој има седативно дејство. Студијата објавена во „Journal of Interdisciplinary Cycle Research“ покажала дека морското оревче, во комбинација со млеко, може да помогне во поттикнување на заспивањето и лекувањето на несоницата. Морското оревче како додаток во шолја топло млеко е совршен пијалак пред спиење.

Ја намалува анксиозноста

Морското оревче помешано со млеко го стимулира производството на серотонин, кој поттикнува опуштање и мирна состојба на умот, а истовремено ја намалува анксиозноста.

Антивоспалителни својства

Морското оревче содржи соединенија како монотерпени и флавоноиди, познати по нивните антивоспалителни својства. Студијата покажала дека маслото од морско оревче го намалува воспалението, болката и отокот на зглобовите кај животните.


Варење

Морското оревче помага и во варењето, па традиционално се користи за лекување на гастроинтестинални проблеми како што се надуеност, варење и дијареја.

Антиоксидантни ефекти

Богато со антиоксиданти, морското оревче може да помогне во заштита на телото од оксидативен стрес, спречувајќи оштетување на клетките и хронични болести.

Кардиоваскуларно здравје

Содржината на калиум во морското оревче помага во регулирање на отчукувањата на срцето и крвнипт притисок. Една студија сугерира дека додатоците од морско оревче може да го намалат ризикот од срцеви заболувања и висок холестерол.


Малку позната благосостојба од морското оревче е тоа што го забавува падот на когнитивните функции кај луѓето со старечка деменција или Алцхајмерова болест благодарение на активните супстанции миристицин и мацелигнан, кои го одржуваат нормалното функционирање на мозокот. Добар е и за здравјето на бубрезите и црниот дроб, бидејќи им помага да ги исчистат токсините, а активните соединенија што ги содржи помагаат во растворање на камењата во бубрезите и подобрување на работата на бубрезите и црниот дроб.

Подготовка на млеко од морско оревче

Згрејте една шолја млеко на средна топлина, внимавајќи да не зоврие.

1. Промешајте прстофат мелено морско оревче, адаптирајќи на вашиот вкус.

2. Послужете додека е топло.


Несакани ефекти и мерки на претпазливост

Иако морското оревче нуди многу придобивки, треба да се консумира внимателно. Високите дози може да предизвикаат негативни ефекти како што се гадење, вртоглавица, па дури и интоксикација.

Препорачана доза


За кулинарски цели, обично е доволно помалку од една лажичка морско оревче. Кога подготвувате млеко, почнете со прстофат и не надминувајте една четвртина од лажичката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг