Еве колку изнесува одмор за четиричлено семејство во Грција, Албанија и Црна Гора: Во ова летувалиште во соседството е толку евтино што не ви се потребни повеќе од 300 евра

Точка

22/07/2024

12:19

44.464

Големина на фонт

а а а

Хрватите велат дека летувањето во сопствената земја станало прескапо, а за некои Хрвати тоа е и недостижно. Четиричлено семејство, во зависност од локацијата и видот на сместувањето, ќе треба да издвои од 1500 евра до 4500 евра за одмор за седум дена, односно шест ноќевања.

Ова се однесува на сместувањето и храната, а другите погодности како што се лежалки на плажа и туристички атракции не се вклучени во основниот буџет.

Како што пишува во својата анализа хрватскиот портал Index.hr, токму поради овие цени многу нивни сонародници решиле да летуваат во соседството, во Црна Гора, Албанија и Грција. Тие ги споредиле цените, а пресметани се хотелски и апартмански единици од среден ценовен ранг како и ресторани за еден оброк. А еве колку чини седумдневен одмор за семејство со две деца од 7 и 13 години. Во вкупниот трошок се вклучени и топките сладолед чија цена секоја година се зголемува.


Во Тиват 1000 евра за летување во апартмани

Во најсончевиот град Бока Которска преку „Booking“ може да најдете хотел за шест ноќевања со појадок за околу 1300 евра, додека вила со апартман е околу 600 евра. Двете понудени локации се високо оценети за одмор со деца.

Што се однесува до храната и пијалаците, цените за дневното мени во рестораните варираат од 8 до 12 евра, тестенините околу 10 евра, а пицата е од 7 до 10 евра. Морските плодови се поскапи, па рижото чини и до 17 евра, а цените на рибите варираат од 15 до 50 евра.


Лежалките на плажа чинат од 6 до 20 евра во зависност од локацијата, но без чадори кои дополнително се плаќаат.

На „Tripadvisor“ во еден од рестораните со добра оцена се наоѓа филети од бранцин за 14,20 евра, тестенини со морски плодови за 9 евра и нешто поевтино црно рижото и лазањи за 8 евра. Кока-колата е 2,60 евра, а цедените сокови се околу 3 евра. Топка сладолед варира од 1 до 2 евра.

Според менито во овој ресторан, четиричлено семејство на одмор во Црна Гора би потрошило околу 50 евра дневно за ручек плус топки сладолед, што изнесува 400 евра за еден оброк во текот на седум дена.

За апартманско сместување и храна семејството ќе треба да издвои најмалку 1000 евра, додека за хотелско сместување со вклучен појадок и ручек во ресторан ќе треба да издвои најмалку 1730 евра, пишува Index.hr.

Во Албанија ноќевање е 50 евра, соковите чинат по 1,80 евра

Во последните години Албанија привлекува сè поголем број туристи. Најголем град на албанското крајбрежје е Драч, кој се наоѓа во северниот дел и е на околу 30 километри од главниот град. Драч и неговата околина се најпосетуваното место на албанското приморје, а цената на апартманите таму е од 300 до 900 евра, во зависност од опременоста, како и близината до центарот.

Апартман од 70 квадратни метри за четиричлено семејство кој е на само 200 метри од плажата, гостите го оцениле со 9,2. За седум дена на семејството му се потребни 300 евра, што е 50 евра за ноќ.


Хотелското сместување е многу поповолно во споредба со Црна Гора и Хрватска. Хотел со оцена 9,2 до плажа чини 900 евра за семејство, а може да се пронајде и хотелско сместување за 650 евра за шест ноќевања.

И храната е поевтина, па ручек за четворица може да се најде за околу 40 евра. Филе лосос со прилог чини 10 евра, рижото со морски плодови 8 евра, тестенини со школки 9,50 евра, а пилешко со прилог 7 евра. Кока-колата, како и другите газирани напитоци, се најевтини во Албанија - околу 1,80 до 2 евра, а топка сладолед во ресторан е 2 евра.

За седум дена со апартман од 300 евра и ручек во денот, семејството во просек ќе троши по 647 евра.

Крф ценовно речиси како Дубровник

Во Грција можете да летувате за 500 евра, но и за 5000 евра, во зависност од тоа што барате и каде сакате да се одморите. Крф оваа сезона се издвојува како нешто поскапа опција. Одмор на овој остров за целото семејство во all-inclusive хотел чини и до 3000 евра. Цените за сместување во апартмани се движат од 600 до 1200 евра за шест ноќевања.


Цените на храната се многу повисоки отколку во Албанија. Тестенини со морски плодови чинат 22 евра, филети од орада 17 евра, пилешко на скара евро помалку, Кока-кола е 4 евра, а за цеден сок треба да издвоите дури 6 евра. Семејство со две деца минатата година плаќало сладолед од 10 до 12,80 евра, а оваа година тоа задоволство ќе ги чини од 12 до 16 евра.

За сладолед и еден оброк во ресторан за 7 дена потребно е да издвоите повеќе од 700 евра, што е речиси еднакво на цените во Дубровник. Цените не вклучуваат дополнителна храна и пијалаци во текот на денот, како ни билети за туристички атракции, трошоци за превоз и дополнителни трошоци како наем на лежалки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг