Овој "Mercedes" го возеше Мајкл Џордан: Сега може да биде ваш, но не е евтин

Точка

07/09/2024

13:23

5.390

Големина на фонт

а а а

Мајкл Џордан е еден од најдобрите кошаркари во историјата, а со проценето богатство од 3,2 милијарди долари, не е ни чудо што во минатото поседувал многу импресивни автомобили.

Еден од нив е реткиот "Mercedes-Benz SLR McLaren 722", кој повторно е во потрага по нов дом. Станува збор за автомобил за кој се пишуваше порано, а кој повторно се најде на пазарот со цена од 650.000 долари.

Исто така, тоа е редок модел кој е произведен во нешто повеќе од 2.100 примероци помеѓу 2003 и 2010 година. Јасно е дека сите верзии на моделот се високо ценети, но автомобилот на Џордан припаѓа на ретката и ограничена едиција "722 Edition".

Оваа верзија е дизајнирана во чест на стартниот број 722, користен од Стирлинг Мос и Денис Џенкинсон на трката „Mille Miglia“ во 1955 година. Автомобилот е помоќен од стандардниот и изгледа малку поинаку.

Како и стандардниот "SLR McLaren", "722 Edition" исто така е придвижуван од 5,4-литарски "V8" мотор, но развива 650 коњски сили и 820 Nm вртежен момент наместо „стандардните“ 626 коњски сили и 780 Nm.

Автомобилот е препознатлив по 19-инчните бандажи, поголемите сопирачки, карбонскиот преден сплитер и е малку полесен од стандардниот модел. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,6 секунди, а до 200 км/ч достигнува за 10,2 секунди. Производството беше ограничено на само 150 примероци.

Не е познато колку долго Џордан го поседувал автомобилот и кога го продал, но познато е дека SLR поминал околу 24.000 километри.

Внатрешноста е обложена со црна кожа и Алкантара, а украсена е со црвен конец и карбонски детали. Автомобилот е главно оригинален, но има резервни тркала од компанијата "Anrky". Цената на овој "SLR" е 649.999 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг