Катастрофална грешка на судијата Паирето во 94. минута ја остави Монца без стопроцентна шанса за победа (Видео)

Дерби

16/09/2024

13:12

1.596

Големина на фонт

а а а

Интер се спасуваше од пораз и со голот на Дамфрис се избори за бод на „Бриантео“ стадионот во Монца, но во самата завршница, гостите можеа да бидат задоволни и од една судиска одлука на Лука Паирето.

Главниот арбитар на натпреварот направи огромна грешка во 94-та минута и спречи стопроцентна шанса за Монца, бидејќи претходно реши да досуди прекршок врз стрелецот на голот на домаќините (Мота).

Оваа одлука на Марели ги шокираше играчите на Монца и дел од нив веднаш му забележаа за лошото судиско чувство, а оваа ситуација беше коментирана и од поранешниот арбитар во Серија А, Лука Марели.

Како судиски експерт за „ДАЗН“, Марели не пропушти да ја нагласи големата грешка на неговиот имењак, заклучувајќи дека со својата одлука ги оставил домаќините пократки за стопроцентна шанса за победа.

– Вистинска штета е што видовме толку сериозна грешка во 94-та минута. Имаше очигледен прекршок од Павар над Мота, прво изгледаше дека пушти предност, но потоа имаше и втор старт од Зиелински над Бондо. Тогаш реши да ја прекине акцијата, а изгледа не сфати дека топката стигна до Песина кој остана сам пред голот, небранет од никого пред голманот на Интер.

– Ова е вистинска штета за натпреварот, но и за судијата. Имаше позитивен меч, но оваа грешка уништи се добро што направи. Тоа беше избрзана одлука, а такво нешто не очекувате од судија со искуство како Паирето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг