Откриена потполно нова сексуална ориентација, дознајте дали ѝ припаѓате

Точка

17/09/2024

17:16

2.443

Големина на фонт

а а а

Новата сексуална ориентација откриена е од страна на универзитетот во Сиетл, а беше дефинирана откако учесниците во истражувањето откриле дека во сексуалните односи повеќе ги привлекува енергијата и динамиката на паровите отколку на поединците, па така се воспостави новата сексуална ориентација – симбиосексуалци.


Научниците сметаа дека „тројката“ би можела да биде нов облик на сексуална ориентација и привлечност, пишува „Dialy Mail“. Новата студија на истражувачите од универзитетот во Сиетл, пишува за „симбиосексуалните поединци“, коишто ги привлекува енергијата помеѓу љубовните парови, а ова истражување беше објавено во списанието „Archives of Sexual Behavior“.

Исто така „тројките“ биле тема како на романот на познатиот Вилијам Шекспир, така и на филмот „Challengers“.


Сали Џонсон, професорката по антропологија и социологија, којашто го спроведуваше ова најново истражување, вели дека за прв пат се сретнала со овој феномен додека го истражувала третманот на „еднорогот“ во рамките на полиаморни заедници.

Со изразот „еднорог“ се опишува бисексуална жена којашто сака да има односи со хетеросексуален љубовен пар. „Како дел од полиаморната заедница, слушнав ако луѓето отворено зборуваат за тоа дека чувствуваат привлечност спрема паровите и сакав да дознаам повеќе“, изјави Џонсон за „PsyPost“.

Таа ги употребувала податоците од студијата „The Pleasure“, во текот на која биле анкетирани 373 лица во врска со аспектите на сексуалниот и родовиот идентитет, а 145 испитаници изјавиле дека чувствуваат привлечност спрема паровите и нивните љубовни врски. Големината на примерокот на оваа студија била мала и нерепрезентативна, бидејќи се фокусирала врз дипломираните студенти, а Џонсон тврди дека во текот на интервјуата со 34 лица пронашла докази за претходно непозната сексуалност.


„Постои разнолика популација на луѓе коишто доживуваат симбиосексуална привлечност кон енергијата, повеќедимензионалноста и моќта којашто луѓето ја споделуваат во љубовните врски“ вели Џонсон, и додава дека жената по име Хајден, којашто се вбројува во симбиосексулани лица изјавила: „Се храните со нивната енергија, нивната привлечност еден кон друг. Постои „меѓуигра“ помеѓу паровите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг