Овој автомобил го собори светскиот рекорд за најниска потрошувачка на гориво!

Точка

17/09/2024

18:26

1.905

Големина на фонт

а а а

Соборен е Гинисовиот рекорд за најниска потрошувачка на гориво. Ова беше постигнато со новата "Toyota Prius LE", додека возеше од западниот брег до источниот брег на САД.

Просечната потрошувачка на овој автомобил беше неверојатни 2,52 литри на 100 километри, соборувајќи го претходниот рекорд од 3 литри на 100 километри.

Патувањето било долго околу 5.170 километри, а автомобилот (возен од Вејн Гердс) дури минал и низ пустински области каде температурите се повеќе од 40 степени Целзиусови.


Овој автомобил, истакнуваат од "Toyota", според фабричките податоци троши 4,1 литри на 100 километри, но Гердс имал неколку трикови кои сакал да ги сподели со возачите.

За почеток, тој предложи да тргнете полека со рамномерен притисок на гасот, како и рано отпуштање на педалата кога сакате да застанете, за да ја искористите инерцијата на автомобилот максимално.


Поточно, верзијата со која беше соборен рекордот е "Toyota Prius LE" со класичен хибриден погон и 196 коњски сили, која не може да се полни на полнач.




Спонзорирани линкови

Маркетинг