Кошмарот на Погба завршува, но Јувентус повеќе не го сака

Точка

05/10/2024

11:20

715

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот од средниот ред Пол Погба се огласи по намалувањето на казната за допинг од четири години на 18 месеци од страна на Судот за спортска арбитража во Лозана.

„Конечно, кошмарот заврши. По одлуката на Судот за спортска арбитража, можам да го очекувам денот кога повторно ќе можам да ги следам моите соништа. Отсекогаш сум велел дека никогаш свесно не сум ги прекршил правилата на Светската анти-допинг агенција кога земам додаток во исхраната пропишан од лекар кој не влијае или ги подобрува перформансите на спортистите“, го почнува своето соопштение Погба.

„Играм фер, и иако морам да прифатам дека ова е прекршок за строга одговорност, сакам да му се заблагодарам на Судот за спортска арбитража што го слушна моето објаснување. Ова беше многу вознемирувачки период во мојот живот, бидејќи сè за што работев толку напорно беше ставено на мирување“, додаде 191 см високиот Французин во официјалното соопштение.


Иако 31-годишниот фудбалер ќе може да игра веќе во март, италијанскиот "CalcioMercato" пренесува дека клубот од Торино сака да ја прекине соработката со Погба пред истекот на договорот во летото 2026 година. Засега нема официјални реакции за ова материја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг