[ФОТО] Требаше да биде продажен хит, но купувачите никако да го прифатат

Точка

07/10/2024

13:13

5.841

Големина на фонт

а а а

Уште првиот поглед на "BMW XM", кога беше претставен и кога беа објавени фотографиите, навести дека овој новитет од Баварија ќе има трнлив пат на пазарот доколку сака да стигне до ѕвездите.

Иако има изглед и големина што требаше да го направи соодветен за американскиот пазар, "XM" не поминува добро преку океанот.

Како што пишува "Motor1", "BMW XM" има проблематичен живот откако се појави во продажба во декември 2022 година.


Продажбата на овој теренец со високи перформанси оттогаш бавно напредува, а дури негативен тренд е забележан во третиот квартал од оваа година.

Имено, "BMW" во периодот јули-септември продаде само 307 возила, што е пад од 30,7% во однос на истиот квартал од 2023 година, кога беа продадени 443 примероци.


Продажбата во САД е толку занемарлива што сигурно ќе влијае на одлуката на "BMW" за иднината на овој модел.

За потсетување, "XM" е првиот хибриден кросовер со ознака „М“. Достапен е во варијанти со три погонски системи, моќност од 476 до 748 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг