Сè започнало кога извесна Кортни отишла да го испере својот нов "Tesla Cybetruck" во Калифорнија, но на влезот видела знак кој јасно покажувал дека овој модел не е добредојден внатре.
Причината е што гаранцијата на "Tesla" не ја покрива штетата предизвикана при перење на автомобилот. Кортни била многу вознемирена и на интернет објавила видео на кое отворено зборува за своите проблеми, пишува "Revija HAK".
Причината зошто овој електричен пикап не е дозволен во перална за автомобили е затоа што може да се оштети.
Се вели дека бришачите на шофершајбната и капачето за полнење гориво се особено ранливи.
Навистина постои посебна опција во автомобилот, таканаречениот „режим за перење на автомобили“, но доколку сопствениците на автомобили заборават да го активираат, може да настане штета, а автопералната ризикува да биде оптоварена со тужби и последователни барања за отштета.
"Tesla" дури и им препорача на сопствениците на "Cybertruck" да користат марамчиња со алкохол за да ги перат своите автомобили.